За нас

За нас

Традиција

Месната индустрија БИЛЈАНОВИ ДОО е основана од семејството со најстара месарска традиција во Струга започната од Коста Билјан во втората половина на XIX век. Шестте ѕвезди на нашето лого ја покажуваат чесноста и еснафското работење на шест генерации на семејството Билјан.
Како наша локација избравме еколошки предел на крајбрежјето на две води Охридското езеро и реката Црн Дрим, под падините на Јабланица, што изобилува со чиста вода, чист воздух, чиста природа. Еколошката погодност ни дава реална можност за производство на производи со висок квалитет.

Основна Мисија

Основна мисија на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ е преку пласман на производи со врвен квалитет да се задоволат преференциите на потрошувачите.
Основна визија е брендот БИЛЈАНОВИ да стане општо препознатлив по врвниот квалитет на месните производи.
Нашиот стручен тим работи со најсовремена опрема за производство, според највисоки техничко-технолошки стандарди за квалитет и безбедност на храна. Посебното внимание при набавка на суровини што ги задоволуваат светските стандарди за квалитет, преку имплементиран HACCP систем и обезбедување на високи критериуми за безбедност на производството, претставуваат основа на работењето на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ.

Производна Програма

Во производната програма на Месната индустрија БИЛЈАНОВИ има преку 50 производи, како чадени производи, шунки, салами, колбаси, виршли и свежи месни производи.

Можете да го симните нашиот каталог на овој линк.

Шест генерации Билјанови, шест генерации месарство...